„Труд ми е името“ - песна на Јордан Хаџи Константинов - Џинот


Песната „Труд ми е името“ нема уметничка вредност. Составена е од 10 строфи од по четири стиха (катрени). Мотивот во песната е размислувањето на авторот за човековите добродетели: мудроста, љубовта и трудот. Песната е дидактична, бидејќи нејзината цел е да подучи.
Содржински може да ја поделиме на три дела.

Во првиот дел (пет строфи), тој ни ги претставува мудроста, љубовта и трудот како три убави девојки кои пеат и свират на флејта. Трите му се претставуваат на најубав начин.

Првата ми изрече:
„Аз сум мудрост, рече,
та погледни хубаво
и расуди здраво!“

Втората ме погледна
за мене побледна:
„Афродита бесрамна
аз сум и огромна!“

Третата ми привика:
„Труд аз сум, извика,
ти мене примај
и Богу слава дај!“

Во вториот дел (три строфи), Џинот го искажува својот став кон мудроста, љубовта и трудот, кажувајќи дека ги сака сите три, но ако мора да одбере, ќе го одбере трудот.

Во третиот дел (две строфи), тој ќе ја истакне полезноста на трудот, со што ќе ја постигне својата цел - да поучува.

Труд ште вас научи
и ште вас обучи
блажено да ступате
добро да творите.