„Слово за празниците“ („Огледало“) -Кирил Пејчиновиќ

Ако мије не исполниме закон Христов, не смо ни христијани. Пошто не смо христијани, а заошто сме? Пошто не сме Христосови људи, при Христа во рај не можемо да идемо. Пошто не ќе идемо у царство небесное, а зашто се мучимо на овој век, зашто постимо, зашто се крштеамо, зашто се закопуемо, зашто за душа давамо, зашто од други вери мучени биднуемо, зашто од калдрма долу слезуемо, зашто зелено не носимо, зашто од Турци помало зборимо, зашто, каде нè јахат и газат, трпимо, зашто? Не ли за Христа?
Пошто за Христа трпимо, баре да го слушаме што ни вели. Он не ни вели нешто тешко, токо лесно. Он ни вели да лубимо еден другого, да се проштааме, да се жалиме, да седимо мудро, да не збесуемо како малии деца, да не се опијаме, да не блудуаме, да не пиемо вино без мера, да не скакамо хоро како безумни што скакат.
А мије и празникот што го служиме една у годината, и него непристојно го служиме, а не побожно. Баш на денот вардимо да се опиемо, да скакамо, да збесуамо. Сва ноќ седите, пеете и збесуете, не го молите светецот, токо го наљутуете, и тој не ве измолует пред Бога и не ви поможует, и нафиле си арчите арчот.
Ако сакаш да ти се фати што го служиш, што го молиш, слушај да ти кажем како да чиниш. Спроти ден отиди у црква, узми свеќа, темјан и масло за кандилата, запали и помоли му се Богу со молитвата от светецот што го служиш, со негоата молитва да ти прости. Ама ти да простиш свакому кои што ти досади, иди прости се со него, зере и Бог не ти проштаа; ако служиш светца, - и светецот нема што да чинит от када имаш лошо срдце. И опрости се и помоли се за себе и за него, пак дојди дома, помисли имаш ли некој преател или непреател, има ли некои хапс, има ли неко болен, има ли некои гол, има ли некои гладен, и иди види га, отнеси му или заире, или дрва, или штогод, и речи му: „На ти брате за утрешен, или денешен, за негоо имја“. И вечерта седни вечерај мирно, не пој песни раскошни, не седи до полноќ, легни порано стани порано, узми просфора и свеќа, иди у црква на славословие и на божественаја служба, сиреч на литурѓија, и дури седиш у црква не мисли за на дрва, за дома или за трговина, баш и некоја наволја ако имаш, пак да не мислиш и за њу, токо оставија на Господа, и Господ похубаво ќе ти ја расправи от тебе, ти ништо не можеш без Бога.
Пак у јутру ашче излезеш от црква, сиромаси просјаци што са пред црковна врата дади им по нешто мало на свакого милостиња, ќи Бог и тебе да те помилува, зашто така вели Христос:„Кој дава ним, мене дава, и ја ќе му вратим отвише и на овој свет и на второ пришествие мое во царство небесное.“
........................................
А вије се надеате на курбани што колете на Атанасов ден, со тоа да угодите Богу. А не знаете еле тија курбани идолска жертва, еврејска жертва, а не христијанска. Тој христијанин што коле курбан не ест христијанин, токо ест евреин или идолопоклонник, и тој свешеник што поет на глава на овенот со свеќа запаљена лаже за добитка, за пара, за месо, а у закон христијанскиј немат писно поп да чати на овен а христијани да колет курбан.
........................................
Затоа сакат и требет у празник, зашто се велит да си празен от работа, пак да се соберет у црква и поп да ви кажует што видел у писание и вије да слушате. Зашто велит Бог: „Приидите, чеда, послушајте мене,“ и паки на Богојавление у тропарите Дух Свјатиј велит: „Глас господен на водах вопиет глагоља: приидите, приимите вси духа премудрости, духа разума, духа страха божија.“ Викат Дух Свјатиј за наше добро, а вије ѓоа сте дошле у црква, ама со све срдце не стоиш ли во неа, токо срама ради си дошол колку за закон, да не речат: онсица го немат у црква, и ти си дошол, и мислиш от црква излагаиќи кого да избањаш у вода, да досадиш на празникот, а да не угодиш; и пак велиш: пречинихме Водици, учинихме закон, и за многу години да бидет.
Поклади идет, се чудиш колку манџи да напраиш. Пак се берете по две куќи по три на едно да покладите, да разлагуете, да поете песни соблазнителни, да јадете до ден, да се опиете и скверна безделија да чините за три дни. Немојте христијани, не губете си душите, не празнујте погански. Сам поклади си со својата челад, штогодер јади, помало пии, поскоро стани, метание чини, зашто утре велик пост. Зашто го велат велик, голем? Зашто голем колку божиќниј пост и он. Зашто го велат великиј пост? Зашто голем захмет требе да тегнеме во него, многу метание, многу богомолство, непиење, нејадење, нелутење се, некарање се, со жена си у постела неспиење, крштење, сриг и сваќи и гозби нечинење, непцуење се, неврежуење се, опростуење се, сиромаа пригледуење, утро вечер, на полдне, три пути денес када се крстиш, метание да чиниш. Бога да молиш да ти прости што си чинил сва година. И зашто го викаат великиј пост? Зашто ест десеток он. Демек, на годината имат 366 дни, от десет еден да дадеме Богу, другите нам 9 дена. Што си грешуал срдце, да ти простит и да те помилуват во тија дни. Десетоците собрани на куп во великиј пост, от субота и недела башка, чинат 36 и пол со велика субота и со ноќта спроти велик ден. До полноќ све се постит, никоа суббота не се постит, салт велика суббота се постит и спроти неделата до полноќ. Така се плаќа десеток Богу, така се измолует Бога.
..................................
Ете тако се празнует великиј ден, кој ест христијанин и кој ест радлив за своја душа. А како гледам во едни села, да чува Господ, дип грубо. Ни христијани можем да ги наречем ни пак неверници. Велики петок и велика суббота јадат и пијат, у великиј пост хора играат, со жена у постеља спијат, на забита се клеветат, давиа чинат, се пцуат, се тепаат, на сам ден велик ден причешна чекаат. А, попот узел, осум села попуат, каде понапред да стасат, трчат от село на село, со меинзил носит свјатиј тајн. А едни сиромаси христијани, дури ги жалим, зашто до само полдне чекаат попа, на сам царскиј велики ден гладнии стоат и чекаат попа да му донесат причесна и викаат: „Се забави попот, тоа му било, она му било!“ Дргии пак велит: „Хајде да му се натепамо, ќи уште еднаш да не забават!“ А еднии чорбаџие што сет, мало позенгини, како кметинке, пак тије велат: „Не така. Да го тепамо ќе не глобит забитот. Токо мије, ка што сме се собрале в куп, да идемо да однесемо овен на агата или на пашата, да му аливерисамо ќутек, ем да го напудимо, да земемо друготого попа, ако е подалеко со куќата.“ Пак другиј кмет велит за друготого попа: „Каков глобар ест и тој поп многу земат, махни го тамо. Овој поп се забават ама баре помало земат, ем вересие пеет, чекат за паре со години, а другиот поп со Турци си земат хакот, ако му не платиш.“
.................................
Вије сиромаси, честите човека више од Бога и затова не чува Бог, и град биет и друго нешто. А богатите честат цревото свое, а не Бога, велат: „Овоа похубаво нека стоит да го јадеме не тој ден, на оној, кога ќе имамо гости.“ Да, затоа христијани паѓат град, зашто сте едни человекоугодници, а не богоугодници, а не познаете свој грех, свој кабает, свое безумие, токо велите: „Не држиме четврци затова паѓат град“, попотого го карате зашто работит во четврток, што не сте достојни да го учите а дила да го карате. Затова паѓат град и заради други поганштие што се чинат: или скришом се фрлило копиле, или скришом се отепал некои некого, ем не знает кои, или се клеветите меѓу себе, или гараз држите, не се проштавате, или причесна не исповедани земате, или у црква унутра мирски песни пеете, или сиромаху, или сакатому, пелтеку, шушкавому, муткавому, гушавому, халосаному, хулавому, будалому, грешному се смеете, шегате го, пудите го, задирате го, со него егленче чините, и за други грехови таквија, затова идет гнев Божји на сини непокоривија.