„Илијада“- Хомер

„Илијадата“ е составена од 24 пеења каде се опишани последните педесетина дена од Тројанската војна. За подобро да ја разберете прочитајте го и воведот од претходниот пост.

1 пеење. 

На почетокот од епопејата е прикажана кавгата меѓу Ахил и Агамемнон заради робинки. Агамемнон ја грабнал робинката Хрисеида која Ахил бара да ја врати, бидејќи  боговите биле против тоа грабнување. Агамемнон им се повинува на боговите, но не и на Ахил. 


 

Затоа, за возврат му ја зема робинката на Ахил, Брисеида. 

Навреден од ваквата постапка на Агамемнон, Ахил одбива понатаму да се бори. 














 

Оди кај мајка му, Тетида (морска божица) од која бара помош во осветата кон Агамемнон. Таа го замолува Зевс за помош кој му се појавува во сон на Агамемнон и го подбуцнува да војува.




2 пеење. 

Агамемнон, поттикнат од сонот е убеден дека ќе успее да победи, па поаѓа во бој.
Одисеј му помага да ги повикаат воините во решавачка битка.



3 пеење. 

Кралот на Троја, Пријам ја повикува крај себе Елена, од високите бедеми на градот таа да му ги покажува ахајските херои.
           
Во ова пеење се одигрува двобојот меѓу Парис и Менелај за на тој начин да ја решат војната. Менелај е многу посилен од Парис, но Афродита го заштитува Парис и го одведува далеку од бојното поле.
Агамемнон, сметајќи се како победник ја бара Елена да му ја вратат.
4 пеење. 

Но, боговите не сакаат војната да престане и Ахајците да си одат со празни раце.
Па затоа Пандар ја прекинува спогодбата и го погодува Менелај со стрела.

5 пеење.
Жестокиот бој меѓу Ахајците и Тројанците продолжува. Тој се одвива надвор од ѕидините на Троја, во меѓусебни двобои. 
Бидејќи најголемиот јунак, Ахил не војува, со својата храброст се истакнуваат многумина, но особено Диомед.
6 пеење. 

Во Троја, Хектор го укорува Парис дека ужива и седи покрај Елена наместо да ги предводи Тројанците во борбата.
           

Оваа песна е полна со лирски елементи, бидејќи ја прикажува разделбата на Хектор од жена му Андромаха. Таа го моли да остане, но неговата чесност и чувството на долг кон својот народ не го поколебуваат. Тој жали што ќе го напушти семејството и ги моли боговите да му даруваат на неговиот единствен син Астианакт многу сила, а Андромаха да го чува и одгледува.

7 пеење. 

Изморени од борбата Хектор предлага војната да ја завршат со двобој. 
Ахајците се исплашуваат од силниот и решителен Хектор, но мудриот Нестор ќе ги убеди дека тоа е најдобро решение. Се пријавуваат многу доброволци и со жрепка е избран Ајант.
Двобојот меѓу Хектор и Ајант трае цел ден и завршува без победник, а вечерта си разменуваат скапоцени дарови и се разделуваат.

8 пеење.

Тројанците го засилуваат нападот и го заобиколуваат логорот на Ахајците. Планираат утредента да им ги запалат корабите, што би значело збогување со татковината.(Ахајците не би имале како да се вратат дома).
9 пеење. 
За Ахајците ноќта е бессона и се соочуваат со тешкиот пораз. Нестор го укорува Агамемнон за кавгата со Ахил. 
Сфаќајќи дека без Ахил ќе
бидат поразени, Агамемнон ја признава грешката и праќа тројца гласници да го помолат Ахил за прошка. 
Но, гордиот Ахил ги одбива.
10 пеење. 

Ахајците стануваат уште позагрижени. 
Одисеј и Диомед успеваат да влезат во непријателскиот логор и да дознаат какви им се силите и позициите.
11 пеење. 
Утрото во жестока битка со својата храброст се истакнува Агамемнон, но му ја повредуваат раката и тој бега со својата двоколка, а по него и сите Ахајци. 

Ахил се загрижува зашто бојот се развива во полза на Тројанците, но не сака да попушти во својата одлука да не учествува во борбите.

12 пеење. 
Во ова пеење е претставена една симболичка слика: на небото се појавува орел со змија во канџите, што значело дека Тројанците ќе настрадаат во битката. Без разлика на пророштвото, Хектор продолжува со битката, ги пробива портите на ахајскиот логор, а тие во паника бегаат кон корабите.
13 пеење. 
Зевс е задоволен од развојот на настаните и се повлекува на планината Ида убеден дека Тројанците ќе победат. 
Тоа го искористува Посејдон (богот на морето), се вмешува и им помага на Ахајците.
           
Хектор ги повикува Тројанците да ги нападнат корабите и така да ја завршат војната.
14 пеење. 
Во одбраната на корабите се вклучува дури и стариот Нестор. 
Ајант успева да го погоди Хектор со голем камен и тој паѓа во бессознание. Тројанците го бранат неговото тело и со двоколка го пренесуваат во Троја.
Сонот, послушувајќи ја молбата од Хера, го успива Зевс за да не види дека боговите се вмешуваат и им помагаат на Ахајците.
15 пеење. 
Зевс се буди и е гневен поради повторното напредување на Ахајците.

Тој не сака да го прекрши ветувањето што и го дал на Тетида, па затоа Тројанците повторно напаѓаат.
16 пеење. 

Патрокло, најблискиот другар и братучед на Ахил ја зема неговата  обружба (целата опрема - за глава, тело, нозе, штит и оружје) и се бори претставувајќи се како Ахил. 

Тој го предизвикува Хектор на двобој.
17 пеење. 

Хектор верувајќи дека е тоа Ахил, жестоко се бори, го убива и ја зема неговата обружба.
18 пеење. 

Ахил го оплакува убиениот Патрокло и повторно бара помош и сила од мајка си за да го освети својот најблизок пријател. Се заколнува дека ќе го убие Хектор.

19 пеење. 

Ахил и Агамемнон се помируваат,
робинката Брисеида е вратена кај Ахил,
а тој ја облекува новата обружба која му ја направил богот Хефест и се подготвува за борба.
20 пеење. 

Откако Ахил се вклучува во борба, Зевс им дозволува на боговите да се вмешаат.
21 пеење. 

Борбата се разгорува, Ахил ги гони и сече Тројанците што бегаат. Реката Скамандар се обоила во црвено од крвта и се преполнила од трупови. Боговите активно учествувајќи и помагајќи им секој на своите миленици, се скарале меѓу себе. По кавгата боговите се повлекуваат на Олимп, освен Аполон кој останува да го заштитува градот Троја.

22 пеење. 

Хектор е подготвен за борба, но кога го здогледал Ахил кого мислел дека веќе го убил, го фаќа паника и бега.
Ахил го стигнува и по кратка борба Хектор е убиен.
За одмаздата да биде уште посилна тој го врзува безживотното Хекторово тело за својата двоколка и така трипати ги обиколува бедемите на Троја.
23 пеење. 

Ахајците ликуваат и му оддаваат почести на Патрокловото тело, а од Троја се слушаат лелеци и плач.
24 пеење. 

Боговите не дозволуваат телото на Хектор да се распадне. Пријам со многу дарови оди кај Ахил да го моли за телото на својот син. Ахил попушта и ги прекинува борбите 12 дена колку што биле потребни за оплакување и закопување на Хектор со сите почести.

Тоа е крајот на Илијадата.
Но, смртта на Хектор не значи и крај на војната. Дури и со смртта на Ахил кој бил прострелан (во петата) од стрелата на Парис, не завршува војната. Со итрината на Одисеј (тројанскиот коњ), Ахајците влегле во Троја, ги убиле сите мажи, го запалиле градот и така конечно завршила десетгодишната Тројанска војна.